Најстудено утрово во Лазарополе
Утрово најниска температура од 3 степени Целзиусови е измерена во Лазарополе. Следат Берово со 4 степени, 6 во Маврови Анови, 7 Битола, Крива Паланка, Попова Шапка, 8 во Тетово, Охрид и Претор, 9 во Скопје кај Петровец, Струмица, Прилеп и во Крушево, 10 во Дебар, Куманово, Штип, Велес, Демир Капија, 11 во Скопје кај Зајчев Рид, Виница, Кавадарци и Гевгелија и 13 степени во Дојран.
Најмногу наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот утрово има во Дебар - 4 л/м2, 3 л/м2 во Лазарополе и во Маврови Анови 1 л/м2, посочуваат од УХМР со забелешка дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне 26 степени.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта