Најстудено на Попова Шапка , најмногу снег во Маврови Анови
Утрово најниска температура од -5 степени е измерена на Попова Шапка, потоа -4 во Крушево и -3 Маврови Анови. Следат Битола, Прилеп, Крива Паланка и Берово со 0 степени, 1 во Охрид, Претор, 2 Виница, 3 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Тетово, Струмица, Кавадарци, Дебар, 4 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, Дојран, Демир Капија и 5 степени во Гевгелија.
Најмногу дожд за изминатите 24 часа до 07 часот наврнал во Маврови Анови (59 л/м2), 50 Струмица, 45 Битола, 43 Демир Капија, 30 Кавадарци, 29 Гевгелија, 28 Крушево, 27 Берово, 23 Крива Паланка, Штип, 22 Виница, 20 Дојран, Прилеп, 16 Скопје Петровец, 11 Ѓуриште, 10 Тетово, Куманово, Велес, Попова Шапка, 9 Претор, 8 Скопје Зајчев Рид, 5 Охрид.
Во 7 часот највисока снежна покривка од 48 см има во Маврови Анови, 39 во Крушево, 21 Попова Шапка, 13 Ѓуриште, 4 Берово и 3 см во Крива Паланка.
Времето денеска облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, особено претпладне. Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен северен ветер (и над 60 km/h), а локално ќе има појава на голомразица. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6 степени.
Во Скопје претежно облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината од снег. Ќе дува засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 4 степени.
Ново на Сител
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија