Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во изминатото деноноќие во Маврови Анови
Најстудено изутрина е во Попова Шапка, каде во 7:30 часот измерени се -2 степени Целзиусови, по што следуваат Маврови Анови и Лазарополе со 0 степени, Крушево со два, Берово и Тетово со четири, Крива Паланка, Претор и Прилеп со пет степени. Шест степени измерени се во Скопје, кај Зајчев Рид, Петровец, Охрид, Битола, Виница, Куманово, Велес, Кавадарци, седум во Струмица, осум во Штип и 9 степени во Демир Капија и Гевгелија.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во изминатите 24 часа најмногу дожд - 28 литри на квадратен метар наврна во Маврови Анови, по што следат Пожаране со 27, Лазарополе со 26, Дебар со 23, Тетово со 16, Охрид со 10, Попова Шапка со 8, Крушево со седум, Претор шест литри на квадратен метар.
Најмалку дожд или еден литар на квадратен метар наврна во Виница, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Прилеп, а помалку од еден во Штип и Струмица.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува седум сантиметри.
Во текот на ноќта времето беше облачно со повремени врнежи од дожд, наместа во западните делови проследени со ретки грмежи. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Изутринава е променливо облачно, дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.
Ново на Сител
-

УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура
-

Кај 68 годишник од Струмица пронајдени 50 грама кокаин
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка во планинско трчање „Водно-Матка Треилс 2026“
-

Најмногу дожд во Охрид, Тополчани и Крива Паланка, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-

Мицкоски на увид во изградба на новата училишна зграда со поврзување на постоечкото ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден
-

Лазарева поворка и каланди во центарот на Скопје по повод Лазарева сабота
-

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
