Најстудено изутринава во Берово, минус четири степени, највисока температура од четири степени измерена во Скопје

Најниската температура изутринава е измерена во Берово, минус четири степени, а највисоката во Скопје - Зајчев Рид, четири степени.
Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи во Берово се измерени минус четири степени, Маврови Анови минус два, минус еден степен е измерен на Попова Шапка, Крива Паланка и Лазарополе, нула во Битола, Тетово и Kрушево, еден во Струмица, Скопје-Петровец, Прилеп, Пожаране, Велес и Претор, два во Куманово, Охрид, Ѓуриште, Кавадарци и Гевгелија, три во Виница, Штип, Тополчани, Демир Капија и четири во Скопје-Зајчев Рид.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 51 сантиметар.
Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Гоце Тодоровски ќе биде погребан денеска
-

Ѓорѓиевски: Учениците од прва година од средните училишта во Скопје првпат ќе добијат бесплатни униформи
-

Анкета: Само една третина од Американците ја поддржуваат војната со Иран
-

Уапсен 19-годишниот Македонец кој се бараше за обид за убиство на член на Шкаљарскиот клан
-

Трамп во Белата куќа ќе ги прими Нетанјаху и Зеленски
-

Запленети 5.000 штеки цигари вредни девет милиони денари на ГП „Богородица“, приведен е возачот
-

Мбапе им се обрати на Французите по СП 2026 година: Се вративме дома без трофеј, и ќе биде вака уште некое време
-

Полициска акција во Кочани и Виница: 59 санкции, три лица приведени
