Најотровниот пајак на светот пронајден во Скопје

Најотровниот пајак во светот, црна вдовица (Latrodectus mactans), од денеска е во Скопје. Заедно со него во земјава е присутен и најголемиот пајак на светот Theraphosa blondi, кој, верувале или не, јаде птици.
Сепак, нема место за паника и загриженост. Црната вдовица и голијатскиот јадач на птици се сместени во двојни кафези од стакло и се наоѓаат во Природно-научниот музеј кај Зоолошката градина во Скопје. Друштво им прави и императорската скорпија, која е една од најголемите во светот.
Сите тие се дел од изложбата што ќе трае до 22 ноември. Заедно со овие пајаци изложени се вкупно 40 други живи пајаци, стоногалки, скорпии. Некому можеби ќе му биде непријатно да ги гледа сите овие суштества со по осум нозе и отровни вилици.
Сепак, изложбата е несекојдневна можност очи во очи да се соочите со инсектите од кои некои имаат и по пет пара очи. Безбедноста е на највисоко ниво, сепак, за нивно фотографирање треба да се држи соодветно растојание.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
