Најмногу дожд во Лазарополе и Охрид, нестабилно време и денеска
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Лазарополе - 20 литри на квадратен метар. Во Охрид - 16 литри, 14 во Велес, 12 во Претор, 3 во Скопје - Зајчев Рид, 1 во Скопје - Петровец, Берово, Попова Шапка, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
- Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, појаснуваат оттаму.
Времето денеска се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, пак, синоптичарите најавуваат изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени.
Слично време се очекува и во Скопје - сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура се очекува да достигне до 36 степени.
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено