-->
-->
Најмалку седум загинати и 20 повредени во бомбардирање болница и аптека во Јужен Судан
-->
Најмалку седум луѓе загинаа, а 20 се повредени во бомбардирање на болница и аптека во Јужен Судан, соопшти денеска хуманитарната организација „Лекари без граници“.
Локалната полиција соопшти дека меѓу загинатите има и дете.
Болницата се наоѓа во градот Стари Фангак, околу 475 километри од главниот град Џуба.
Организацијата на социјалната мрежа Икс го осуди нападот врз болницата и додаде дека болницата е „единствениот извор на медицинска грижа за околу 40.000 жители“ и дека нападот е „јасно кршење на меѓународното право“.
Останува нејасно зошто болницата била цел на напад за кој се претпоставува дека го извршила армијата на Јужен Судан. Армијата не даде коментар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Го фатила за врат снимателот и му ја оштетила камерата, на новинарот му го одзеле и фрлиле телефонот, обвинение за инцидентот во Визбегово
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД