Најмалку пет жртви во налетот на тајфунот „Нору“ преку Филипините
Најмалку пет лица загинаа на тајфунот „Нору“ што ги зафати Филипините, тропската бура преследена со екстремни ветрови и обилни врнежи.
Петте жртви се дел на спасувачка екипа, испратена како помош во провинцијата Булакан. Локалниот гувернер Даниел Фернандо појасни дека спасувачите настрадале кога при интервенција во населено место потпорен ѕид се урнал врз нивниот чамец.
Локалните метеоролошки служби соопштија дека налетите на ветерот синоќа достигнале брзина и до 240 километри на час. Се очекува невремето што се поместува некаде 30 километри на час попладнево да го напушти филипинското копно.
Филипинскиот архипелаг просечно го зафаќаат до 20 тропски бури во сезона. Најсилниот што ги зафати Филипините беше супер-тајфунот „Хаијан“ од ноември 2013 година кога загинаа 6.300 лица, а над четири милиони беа присилно раселени од нивните домови.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар