-->
-->
Најмалку пет лица загинаа во поплави и свлечишта во Перу
-->
Најмалку пет лица загинаа во Перу како резултат на поплави и лизгање на земјиште, предизвикани од поројните дождови, а над пет илјади лица се принудени да ги напуштат своите домови, соопштија локалните власти.
Според официјални податоци четири лица загинале во шахта, чиј отвор бил затрупан. Едно лице се удавило во надојдена река. Од минатата година досега 11 лица загинале во поројни дождови во Перу.
Поради поплавите во Перу е нарушен автомобилскиот сообраќај. Околу 200 километри патишта се уништени од дождовите. Според метеоролозите кон крајот на неделата може да дојде до влошување на ситуацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
57 вработени на Токсикологија бараат одговорност од организациската директорка Бесија Иљази
-
Импровизираниот луна парк се уште не се демонтира - На потег УЈП и ДПИ
-
Судот му го одзема пасошот на обвинителот Иџет Мемети, тој негира дека е вмешан во случајот со мито
-
ДКСК бара одговорност од Габер, директорката на АСЈО тврди по одлуката на судот запрен е процесот на тестирање
-
Во ОКТА отворен центар за обука од областа на противпожарната заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
Силјановска на средба со папата во Ватикан
-
Судот му го одзема пасошот на Мемети