Свет
28. April 2021 - 13:27

Најмалку осум жртви во пожар во Рига

Најмалку осум луѓе загинаа во пожар во центарот на Рига, дел од нив странски државјани, во хостел што најверојатно работел нелегално, јавија локалните медиуми.

Пожарникарите и спасувачите на летониската противпожарна и спасувачка служба соопштија дека биле на лице место околу 5:00 часот утрово по локално време.

Горел шестиот кат од зградата и покривот, а спасувачите пронашле осум жртви. Други 24 лица се евакуирани од просториите, јавија локланите медиуми.