-->
-->
Најмалку едно лице загина во експлозија пред италијанскиот Конзулат во Каиро
-->
Моќна експлозија одекна пред италијанскиот Конзулат во Каиро изутринава, при што загина најмалку еден цивил, а четири лица се ранети, од кои двајца полицајци и двајца случајни минувачи, јави БТА.
Италијански дипломат изјави дека нема повредени членови на мисијата, бидејќи во моментот на експлозијата зградата на Конзулатот била празна.
Според првичните информации експлозијата е предизвиката од автомобил-бомба.
Очевидци за египетските медиуми изјавија дека експлозијата предизвикала сериозна материјална штета врз зградата.
Засега никој не ја презел одговорноста за експлозијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа