Најмалку деветмина загинати и 52 повредени во силен земјотрес во Перу
Најмалку девет лица загинаа, меѓу кои и американски турист, а 52 се повредени во земјотресот со магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала на југот од Перу, во ноќта меѓу неделата и понеделникот, јавија перуанските власти за новите податоци од природната катастрофа.
- Градските власти објавија информации за смртта на три лица во Ачома и шест во Јенки, во регионот Ареквипа, изјави за државното радио РПП гувернерката на регионот Јамила Осорио, јави Хина.
Цивилната заштита досега идентификувала четири од деветте жртви, меѓу кои е и 66-годишен американски турист, кој за време на потресот се наоѓал во хотел што се урнал.
Според претставници на Цивилната заштита, во земјотресот се повредени 52 лица, уништени се околу 50 куќи и блокирани се патишта, што го отежнува пристапот на службите за итна помош.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка