Најмалку деветмина загинаа при уривање на покрив на црква во Мексико
Најмалку девет лица загинаа кога синоќа се урна покрив на црква во североисточно Мексико, соопштија локалните власти.
Најмалку 40 лица се повредени, соопшти канцеларијата на портпаролот на државната безбедност Тамаулипас.
Локалните медиуми јавија дека луѓето славеле крштевање во црквата во градот Сиудад Мадеро кога се урнал покривот.
Војници, полицајци, пожарникари и болничари биле вклучени во спасувачката операција, а доцна вчера биле донесени кучиња за да помогнат во потрагата по преживеани.
Локалниот бискуп, Хозе Армандо Алварез, побара од луѓето да се молат за преживеаните. -Преживуваме многу тежок ден.
Во моментов се работи на извлекување на преживеаните кои беа затрупани под урнатините. Ние се молиме за нив, рече тој во видео-порака на Фејсбук.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП