Најмалку 80.000 луѓе во Британија претставуваат онлајн сексуална закана за децата
Најмалку 80.000 луѓе во Велика Британија претставуваат онлајн сексуална закана за децата, соопшти британската Национална агенција за криминал.
Новите статистички податоци покажуваат дека бројот на фотографии за злоупотреба на деца кои се пријавени во агенцијата е зголемен за 700 отсто во изминатите пет години.
Секретарот за внатрешни работи, Саџид Џавид рече дека ќе спроведе „лична мисија" за справување со злоупотребата на деца и нагласи дека е шокиран од обемот на проблемот.
- Кога ја посетив командата за онлајн заштита на детска експлоатација на Националната агенција за криминал, бев ужаснат од обемот и развојот на природата на сексуална злоупотреба на деца, наведува Џавид во говорот што треба да го одржи денеска.
Министерството за внатрешни работи предупреди дека стримингот на злоупотреба во живо е се поголем проблем поради побрзиот интернет, технологијата на паметни телефони и лесниот трансфер на пари преку границите.
Според одделот, во запленетите материјали има и фотографии со злоставувани бебиња и деца под 10-годишна возраст.
Британски медиуми јавуваат дека полицијата во Англија и Велс дневно регистрирала околу 23 случаи на сексуално злоставување деца во 2017/18 година, додека таа бројка преходните 12 месеци изнесувала околу 15 случаи на ден.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“
-
Му упаднал дома го истепал и му го украл телефонот, уапсен велешанец
-
Украина: Уништени 12 проектили и 31 беспилотно летало за време на руските воздушни напади ноќеска