Најмалку 35 луѓе загинаа во самоубиствeни напади врз шиитско светилиште во Ирак
Во напад врз шшитско светилиште во северниот ирачки град Балад загинаа 35 луѓе, а 65 се повредени, јави телевизијата „Скај њуз Арабија“.
При нападот врз гробницата на Саид Мохамед бин Али ал Хади двајца бомбаши-самоубици го активирале експлозивот што го имале на себе. Првиот ја активирал бомбата врз полицаец на влезот од гробницата, а другиот во гробницата меѓу насобраните верници. А, потоа други екстремисти отвориле оган врз верниците.
Третиот бомбаш-самоубиец бил убиен пред да го изврши нападот.
Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.
Балад се наоѓа на 90 километри северно од Багдад и е под контрола на шиитските одреди за самоодбрана.
Радикалниот шиитски имам Муктада ал Садр им нареди на вооружените милиции да се упатат кон Балад за да го заштитат шиитското светилиште.
Ново на Сител
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници