Најмалку 19 загинати при налетот на тајфунот „Муџиге“ во Кина
Најмалку 19 лица загинаа, а четири други се водат како исчезнати при налетот на тајфунот „Муџиге“ во јужна Кина, јави Хсинхуа.
Седум лица загинале при удар на торнадо предизвикано од тајфунот во јужната кинеска провинција Гуангдунг, а уште седум други ги загубиле животите при неколку свлечишта. Тројца рибари загинале при превртување на нивните рибарски чамци, а едно безживотно тело е пронајдено под остатоци на разурната куќа.
Во истата провинција четворица рибари се водат како исчезнати, откако не се вратиле со своите чамци не се вратиле во матични пристаништа.
Уште едно лице загина во соседната кинеска провниција Гуангси, откако врз него паднало откорнато дрво. Во оваа провинција, според властите, уништени се или оштетени вкупно 417 станбени објекти.
Властите соопштија и дека само во провинцијата Гуангдунг тајфунот предизвикла штета од 23,24 милијарди јуани (3,66 милијарди долари).
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг