-->
-->
Најмалку 16 загинати во три бомбашки напади во источниот дел на Мосул
-->

Најмалку 16 лица загинаа во три денешни атентати со автомобил-бомба во источниот дел на ирачкиот град Мосул, соопштија силите за безбедност и медицински извори.
Десет од убиените се цивили, а останатите се војници и полицајци, пренесе ДПА.
Нападите се регистрирани на три различни локации во источен Мосул, што владините сили минатиот месец ги одзедоа од Исламска држава со помош на воздушната поддршка на меѓународната коалиција, предводена од САД.
Засега никој не ја презел одговорноста за атентатите. Во сличните случаи досега одговорноста секогаш ја преземаше ИД.
Ирачката армија се подготвува за нова офанзива за ослободување на западниот дел на Мосул, што се уште е под контрола на џихадистите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
