-->
-->
Најмалку 15 лица загинаа при принудно слетување на авион во Индија
-->
Најмалку 15 лица загинаа, а десетици се повредени кога авион на „Ер Индија“ со 191 патници принудно слетал на аеродромот Каликут во индискиот град Керала.
Според локалните медиуми, авионот што доаѓал од Дубаи се лизнал од пистата и се преполовил, а несреќата се случила во време кога во тој дел на Индија врнел силен дожд.
Началникот на полицијата во државата Керала изјави дека 15 лица загинале и оти најмалку четири патници се заглавени во остатоците од авионот.
Авионот враќал Индијците кои останале „заглавени“ во Дубаи поради пандемијата на коронавирусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
19 стебла канабис пронајдени во струмичко
-
Лавров: Одлуката на членките на НАТО за зголемување на издвојувањата за одбрана може да доведе до негово распаѓање
-
Малик Бизли уапсен под сомнение за местење на НБА натпревари
-
Македонска делегација на Меѓународната конференција за финансирање на развојот во Севиља
-
Медински: Историската судбина на Русија и Украина е една, тоа е еден народ
-
Трамп: Не планирам да ја продолжам паузата од 90 дена за воведување на царините
-
Шест пожари за еден ден во кумановско
-
Волстрит џурнал: Руските сили ја преминаа украинската граница и напредуваат кон Суми