Најголемиот европски нуклеарен реактор „Олкилуото 3“ во Финска почна со пробно производство на струја
Нуклеарниот реактор „Олкилуото 3“ (ОЛ3) денеска почна со производство на електрична енергија, по значителното одложување на плановите, а се очекува со редовна работа да почне во декември, јави операторот ТВО.
„Електраната во моментов е најмоќната постројка за производство на електрична енергија во Европа“, се наведува во соопштението на финскиот оператор.
Капацитетот на OL3, што се наоѓа на југозападниот брег на Финска, е 1.600 мегавати.
Таа е трета најмоќна електрана во светот, по две кинески.
ТВО на почетокот на септември соопшти дека полната сила на реакторот треба да се достигне на почетокот на октомври.
Стартувањето на реакторот OL3 се следи со интерес во Финска, со надеж дека ќе може да одговори на енергетските предизвици во текот на претстојната зима поради недостатоците предизвикани од прекинот на испораките на руски гас во Европа и електрична енергија во Финска.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи