Најголем број новозаболени од почетокот на пандемијата, најавени сет рестриктивни мерки
Во земјава вчера беше регистриран најголем број на новозаболени од Ковид -19 од почетокот на пандемијата. За едно деноноќие имаше 364 нови случаи. Комисијата за заразни болести предложи сет на рестриктивни мерки, но засега не се размислува за воведување полициски час.
Дел од мерките што ќе бидат доставени до Владата се носење на маска на отворено, забрана за поголеми семејни прослави во домашни услови и групирање на јавни простори по 22 часот. Во еден дом ќе биде дозволено сопствениците да примат само четворица на гости. Мерките нема да важат за децата до шест години.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција изјави дека ќе побара што поскоро одржување на владината седница.
– Се воведува задолжително носење маски или заштитна опрема на носот и устата секаде при престој на отворено, на затворено во кој било јавен објект, на работно место, јавен и приватен транспорт. Исклучок се прави при спортување на отворено и затворено, при транспорт во приватни возила на членови на едно семејство, при седење во уготителските објекти со почитување на соодветни простории, при престој во службени простории ако е лицето само во просторијата, појасни Филипче.

Според него, најважен фактор за тоа како ќе се спроведува ограничувањето за бројот на гости во домот, се самите граѓани.
– Технички и формално, по пријава може секогаш да интервенира и полицијата и инспекторатите, но е многу важно граѓаните да се свесни што треба да избегнуваат во периодот што е пред нас. Пред нас доаѓа период на слави и тоа е огромен ризик. Верувам дека граѓаните ќе бидат свесни, истакна Филипче.
Пред граѓаните е и продолжениот викенд во кој е планирано да се реализира мерката „Викенд без ДДВ“.

Министерот Филипче смета дека тој нема да претставува ризик за ширење на вирусот бидејќи, како што вели, има протоколи и се знае по колку лица можат да влезат на затворено, а дополнително на тоа е и задолжителното носење маска во затворен простор и држењето дистанца.
– Никаде нема да се пропушта да влезе голема концентрација на луѓе. Секаде ќе бидат задолжителни маските. Впрочем на затворено и сега се задолжителни, а таму каде што се носат маски и каде што се држи дистанца, едноставно нема ризик од трансмисија на вирусот, нагласи Филипче.
Отворањето на границите, според него, не претставува значаен ризик бидејќи сега најголем проблем е локалната трансмисија, за разлика од почетокот на кризата кога главниот ризик бил увозот на вирусот.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
