Најдобрите практики за обновливи извори презентирани на бизнис форум во Стокхолм
Над 80 претставници од јавниот и приватниот сектор од Македонија и од Шведска учествуваат на бизнис форумот што започна денеска во Стокхолм во организација на Македонија 2025 и Македонската амбасада во Шведска.
Главната тема на дискусија е производството на енергија од обновливи извори, каде Шведска е лидер во светот по одржлив развој, а Македонија има потенцијал кој треба да се искористи. На форумот се презентираат стратегии за развој на т.н. паметни градови и индустрии за управување на отпад, како и можности за соработка меѓу Македонија и Шведска.
- Нашата цел е да придонесеме кон поголемо вклучување на Македонија во европската економија, како и кон пренесувањето на најдобри практики за одржлив развој кои Македонија може да ги имплементира, истакна Џон Битов (помладиот), ко-основач на МК 2025 и претприемач од Канада со македонско потекло.
Тој заедно со македонската амбасадорка во Шведска, Александра Наќева Ружин и извршната директорка на Инвест Стокхолм, Ана Гислер го отворија форумот.
Амбасадорката Наќева Ружин изрази задоволство од јавно-приватното партнерство меѓу македонската Амбасада и Македонија 2025 во организацијата на форумот, кој, според неа, е одлична платформа за претставување на јавните политики и потенцијалите за меѓуинституционална и бизнис соработка меѓу Македонија и Шведска во областа на чистите технологии, обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, одржливите градби и транспортот.
Според извршниот директор на Coordea, Светозар Серафимовски, вмрежувањето, размената на искуства и поврзувањето е важно не само за бизнис заедниците, туку и за личен развој и бизнис достигнувања. - Почестен сум и среќен што ќе имам можност да ги претставам и споделам моите искуства на Македонија 2025 Бизнис Форумот во Стокхолм, но исто така и да слушнам и научам од другите, рече Серафимовски.
Организацијата Македонија 2025 работи на поврзување на македонските професионалци кои живеат низ Европа и светот, како и на промовирање на потенцијалите за инвестиции во Македонија.
Вакви настани претходно се одржаа во Париз, Виена, Торонто, Колумбус, Чикаго и други градови.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен