Најбараниот терорист раскажа се на полицијата: „Јас не сум мозок на нападите, за се е виновен...“

Белгиските медиуми објавија дел од разговорите со Салах Абдеслам, најбараниот терорист одговорен за смртта на 130 лица во нападитево Франција. Абдеслам тврди: За се е виновен мојот покоен брат!
Откако четири месеци успешно се криеше од рацете на полицијата, мозокот на терористичките напади конечно беше уапсен минатиот петок во Брисел. Тој на полицијата и раскажал дека становите и оружјето ги изнајмувал по наредба на неговиот покоен брат. Тој се разнесе со бомба во Париз.
- Парите за становите, автомобилите, храната и оружјето доаѓаа од мојот брат. Се слушаа неговите наредби, вели терористот.
Кобниот петок кога се случи нападот во Париз требало да влезе на стадионот и да се разнесе, но не успеал да купи карта.
- Јас се откажав од планот. Останав во автомобилот, а другите тројца отидоа, вели тој. Додава дека дента контактирал само со Muhamed Abrinij, но полицијата вели дека не е точно ова тврдење бидејќи се покажало дека зборувал со повеќе различни лица.
Во изјавите тој вели дека не е мозокот на крвавите операции.
Ново на Сител
-

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
