Во пристаниште во Лондон откриени и запленети речиси три тони кокаин сокриен во пратка со банани од Јужна Америка

Кокаин вреден повеќе од 200 милиони британски фунти, односно околу 270 милиони долари, бил откриен скриен во пратка со банани на британско пристаниште, соопшти британската Национална агенција за борба против криминалот.
Граничните власти минатиот четврток заплениле 2,9 тони кокаин во пристаништето Лондон Гејтвеј во Есекс. Пратката, чија вредност се проценува на 232 милиони британски фунти, била скриена меѓу товар со банани испратен од Јужна Америка.
Девет мажи биле уапсени во врска со случајот, а подоцна биле пуштени со кауција.
Ова не е прв случај на откривање голема пратка кокаин скриена во товар со банани. Во февруари 2024 година, речиси шест тони кокаин биле пронајдени во контејнер на пристаништето во Саутемптон, исто така скриени меѓу банани од Јужна Америка.
Во октомври минатата година британското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во текот на летото 2025 година во земјата биле запленети наркотици чија вредност надминувала милијарда британски фунти.
МИА
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
