ОН најавија нови мировни преговори за Јемен

Специјалниот пратеник на ОН за Јемен, Исмаил Улд Шеик Ахмед синоќа соопшти дека завојуваните страни во Јемен се договориле да започнат нови мировни преговори во текот на следната недела.
Тој нагалси дека во текот на следните денови ќе бидат соопштени местото и точниот датум на кои ќе се одржат преговорите меѓу претставници на јеменската Влада, на бунтовниците Хути и на партијата Генерален народен конгрес.
Ахмед истакна дека очекува учесниците на преговорите „да се ангажираат конструктивно и свесно да работат“ на постигнување договор за прекин на огнот и за политичка транзиција во Јемен.
Како последица на повеќемесечниот конфликт, Јемен е погоден од хуманитарна криза и недостиг на храна, поради што, според проценките на ОН, речиси 20 милиони Јеменци или 80 проценти од вкупниот број жители на земјата, се соочуваат со глад.
Досегашните мровни преговори не доведоа до прекин на судирите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
-

Се продаде прилепски „Еурокомпозит“
-

Шуга кај двајца војници во велешка касарна – надлежните будно ја следат состојбата
-

Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
