Нафтата повторно поскапува: „брент“ скокна за 50 отсто по кризата во Ормуска Теснина

Фјучерсите на нафтата од типот „брент“ за испорака во јули пораснаа за 1,04 долари, достигнувајќи цена од 111,44 долари по барел, додека американската лесна нафта „вест тексас интермидиет“ (WTI) поскапе за 41 цент и се продава за 105,48 долари по барел.
Растот на цените е директна последица на иранската блокада на Ормуска Теснина, како и на американските мерки за блокада на иранските извозни пристаништа за сурова нафта.
Цените на нафтата се во постојан пораст од крајот на февруари, кога САД и Израел го нападнаа Иран, што доведе до затворање на Ормуска Теснина и прекин на испораките на околу една петтина од светските резерви на нафта и течен природен гас.
Според медиумите, цената на нафтата „брент“ пораснала за дури 50 проценти само во текот на март.
МИА
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
