Надбискупот од Кантербери Вилби е против нов референдум во врска со Брегзит

Надбискупот од Кантербери и на Англиканската црква Џастин Вилби изјави денеска дека на земјата не и е потребен втор референдум, овој пат, за договорот што владата ке го постигне со ЕУ за Брегзит.
Според Вилби , таквиот референдум, по оној од јуни, минатата година, може само да ги продлабочи поделбите во земјата.
- Во овој момент потребно ни е помирување, затоа што поделени не можеме да одиме напред, па е време да ги залечиме разликите- рече Вилби, забележувајќи дека смета оти Британците живеат во „најподелената држава во која тој досега живеел“.
Надбискупот од Кантербери учествуваше денеска во маратонската дебата во Горниот дом на британскиот Парламент, во кој со определен број членови е застапена и Англиканската црква, во расправата околу владиниот закон со кој треба да се трасира патот за Брегзит.
Законот треба да овозможи премиерот Тереза Меј да може да ги почне преговорите за извлекување на Британија од ЕУ, но по одлуката на Вишиот и на Врховниот суд, за тоа сега треба да добие согласност од Парламентот.
Долниот дом на пратениците веќе го усвои законот, откако опозициските лабуристи гласаа за законот, на што инсистираше нивниот лидер Џереми Корбин.
Горниот дом , меѓутоа, веќе еднаш и нанесе пораз на владата, откако изгласа амандаман на законот со кој се бара да им се гарантира останување на сите државјани од ЕУ, правото да останат во Британија.
Покрај дебатата околу можниот втор референдум во Британија, по спогодбата на Лондон и Брисел за раздружување, лордовите од Горниот парламентарен дом расправаат и за новиот амандман со кој се бара право на Праламентот да стави вето на договорот на владата со ЕУ и тоа право да постои и во случај да не се постигне никаков договор за Брегзит со Унијата, а премиерот Меј, сепак, да се определи за излегување од ЕУ.
Набљудувачите во Лондон предвидуваат дека и овој амандаман би можел да помине при гласањето, што би значело втор владин пораз во Горниот дом на Парламентот.
Ново на Сител
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
-

Мицкоски: Борбата со криминалот мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот
-

Спогодбата за минималец од 600 евра остана без потпис, Мицкоски на средба со УПОЗ во четврток
-

Родител не сакал децата да му учат со Ромчиња
-

Левица ќе поднесе два предлог закони за подобрување на работничките права
