-->
-->
Надал го освои Монте Карло
-->
Доминација на Надал на Мастерс турнирот во Монте Карло каде ја освои рекордната 11. титула. Во финалето Шпанецот без шанси го остави Кеј Нишикори кој успеа за 92 минути да освои само 5 гема и да биде поразен со 6-3 и 6-2.
Интересно е што Јапонецот одлично го отвори мечот со прв брејк но потоа како да застана без можност да му парира на Надал.
Во вториот сет два брејка на надобриот светски рекет и убедлива победа.
Со освоената титула во Монте Карло, Надал го одбрани и првото место на АТП листата. Шпанскиот тенисер од понеделник ќе ја започне својата 171.недела на челната позиција на АТП листата.
Исто така тој повторно е осамен на првото место на листата на играчи со најмногу освоени мастерс титули. Надал има 31 титула од серијата Мастерс 1000, една повеќе од Новак Ѓоковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Макрон потврди дека Франција ќе ја признае Палестина како држава
-
Сончево и многу топло со температура до 43 степени
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето