Над 90 проценти поддршка за независност на Ирачки Курдистан

Според првичните резултати над 90 проценти од гласачите се изјаснија дека ја поддржуваат независноста на Ирачки Курдистан, соопшти Изборната комисија во Ербил.
- Изборната активност вчера беше над 72 проценти. Конечните резултати ќе бидат соопштени за три дена, посочи Изборната комисија.
По гласањето ирачките Курди славеа до доцна во ноќта на улиците на Ербил, главиот град на Ирачки Курдистан.
Во меѓувреме, ирачкиот премиер Хајдер ал Абади изјави дека Владата на Ирак нема да преговара со курдските власти за резултатите од „неуставниот“ референдум за независност.
- Ние не сме подготвени да го разгледаме или да водиме дијалог за резултатите од референдумот, бидејќи е неуставен, изјави синоќа Абади.
Претседателот на Ирачки Курдистан, Масуд Барзани наведе дека референдумот не е обврзувачки, туку неговата цел е да обезбеди легитимен мандат на автономната територија Ирачки Курдистан и независност од Багдад преку дијалог со соседните држави.
Референдумот во Ирачки Курдистан наиде на неодобрување и осуда како од соседните земји, така и на меѓународната заедница. Стејт департментот во синоќешното соопштение наведе дека САД се „длабоко разочарани“ од спроведувањето на референдумот.
- САД се длабоко разочарани од одлуката на регионалната Влада на Курдистан да спроведе едностран референдум за независност, вклучително и во зоните кои се надвор од Ирачки Курдистан, се посочува во соопштението од Стејт департментот.
Исто така се потенцираат и историските односи меѓу САД и Курдите, „кои нема да се променат по необврзувачкиот референдум, но ќе се зголеми нестабилноста и потешкотиите за регионот на Курдистан и неговите жители“.
- Многу ќе се усложнат односите меѓу регионалната Влада на Курдистан со ирачките власти и соседните држави, а од нестабилноста корист ќе имаат екстремистичките групи како Исламска држава, се истакнува во соопштението од Стејт департментот.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
