-->
-->
Над 60 тони вода исфрли хеликоптер на МВР, извлечени пет пожарникари кои беа обиколени од огнот во Чешиново-Облешево | ВИДЕО
-->

Денеска (26.08) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар на територија на општина Чешиново- Облешево, помеѓу Кочани и Пробиштип, упати хеликоптер од типот Ми-171, кој исфрли над 60 тони вода, соопшти МВР.
Особено се делуваше во крак од пожарот кој се наближуваше кон село Врбица и пожарот на тој потег е ставен под контрола.
Исто така, со хеликоптерот Ми-171 се извлечени 5 пожарникари од ТППЕ Кочани кои беа обиколени од оган и чад од сите страни и се оставени на сигурно, а со истиот хеликоптер беа транспортирани и 11 пожарникари на највисоката точка на пожарот за негово пресекување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
