Над 20 повредени на протестите во Барселона
Над 20 лица се повредени во синоќешните протести во Барселона, предизвикан од одлуката на шпанскиот Врховен суд да издаде меѓународни потерници за Карлес Пуџдемон и уште петмина приврзаници за независност на Каталонија, јави ТАСС.
Вкупниот број на лицата на кои им била пружена медицинска помош е 24. Во повеќето случаи станува збор „за модринки добиени за време на протестот", тврди каталонската служба за брза помош.
Според полицијата во Барселона, 10.000 луѓе учествувале во протестот.
Демонстрантите бараат и ослободување на притворените политичари на Каталонија.
Судија од Врховниот суд на Шпанија вчера одлучи да издаде меѓународни и европски налози за апсење за шестмина каталонски лидери, меѓу кои и за поранешниот регионален лидер на Каталонија Карлес Пуџдемон.
Судијата, кој го испитува случајот за обид за отцепување на Каталонија од Шпанија, одлучи да ги реактивира европските налози за апсење против Карлес Пуџдемон и петмина поранешни министри кои живеат во егзил во Белгија. Судијата, исто така, побара да се издаде меѓународна потерница по претседателката на Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ) Марта Ровира, која вчера одби да се појави пред суд и покрај тоа што била повикана и која, според шпанските медиуми, се наоѓа во Швајцарија.
Шпанската полиција по налог на Врховниот суд на Шпанија вчера приведе уште петмина каталонски сепаратистички лидери, меѓу кои и кандидатот за претседател на регионалната Влада на Каталонија, Жорди Турул.
Во налогот на Судот се нагласува дека тие треба да бидат задржани во притвор се додека трае истрага против нив за обид за отцепување на Каталонија од Шпанија.
Обвиненија за бунт, злоупотреби на функциите и непочитување на институциите на шпанската држава се покренати против вкупно 25 каталонски регионални лидери, меѓу кои се и петмината приведени.
По вчерашното приведување, Турул не ќе може да присуствува на денешната дебата во каталонскиот Парламент посветена на неговиот избор за претседател на регионалната Влада.
Покрај Турул, меѓу приведените каталонски лидери е и поранешната претседателка на Парламентот во Барселона, Карме Форкадел и тројца екс-министри во регионалната Влада на Каталонија.
Согласно шпанските закони, обвинението за бунт предвидува казна до 30 години затвор.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња