Над 100 Палестинци убиени во израелски напад врз училиште во Газа

Над 100 луѓе загинаа во израелски напад врз училиште во градот Газа, објавија денеска палестинските медиуми.
„Бројот на загинатите сега е 100, има уште десетици ранети. Три израелски ракети го погодија училиштето во кое беа сместени раселени Палестинци“, изјави портпаролот на палестинската Агенција за цивилна одбрана, Махмуд Басал.
Израелската војска соопшти дека нападнала „командно-контролен центар“ на Хамас што бил во училиштето Ал-Табиин во населбата Дарај.
Палестинската воена група Исламски џихад соопшти дека нападот се случил „за време на утринска молитва“.
Исмаил Ал-Тавабта, генерален директор на владината канцеларија за медиуми во Газа, изјави дека „голем дел од повредените се во тешка и критична состојба“.
Во училиштето имало околу 250 жени и деца
Ново на Сител
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
-

Инфлацијата во еврозоната се зголемува според процените
-

Пијан возач со трактор удрил во „Пасат“, па побегнал
