Свет
28. May 2016 - 13:47

Над 100 борци загинаа во напади врз позициите на ИД во Сирија

Во водушните напади на коалицијата предводена од САД и гранатирањето на турската артилертија во Сирија загина 104 борци на Исламска држава, јави турската новинска агенција Анадолија.

Нападите биле извршени синоќа откако ракети истрелани од територијата на Сирија паднале врз турскиот пограничен град Килис, при што се повредени шет лица.

Воздушните и артилериските напади уништија седум згради кои ги користелла ИД.

Податоците за жртвите се уште не се потврдени, а Турција не објасни како ги изброила загинатите борци на ИД во Сирија.

Годинава во нападите врз Килис загинале 21 луѓе, а десетици се повредени. Турските власти за нападите ја обвинуваат ИД.