Началникот на хрватската војска во посета на МО и ГШ на Армијата
Во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија од денеска ќе претстојува висока делегација на вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, предводена од началникот на генералштабот на хрватската војска, генерал Мирко Шундов.
Генералот Шундов во Министерството за одбрана и Генералштабот ќе има средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Во текот на денот, како што најавија од МО, генералот Шундов ќе биде примен и од претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на Армијата на Република Северна Македонија и искуствата од учеството во меѓународните мисии за поддршка на мирот .
Делегацијата на ВС на Република Хрватска, се очекува да посети и дел од командите и единиците на Армијата, каде ќе се запознае со нивната мисијата, задачи и обука
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек

