Началникот на ГШ на Црна Гора, Драгутин Дакиќ во посета на Македонија
Во официјална посета на Република Македонија и АРМ, денеска ќе престојува началникот на Генералштабот на Војската на Црна Гора, бригаден генерал Драгутин Дакиќ.
Генералот Дакиќ, покрај средбата со својот домаќин, началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски ќе оствари средба и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Како што соопштија од АРМ на средбите главни теми на разговор ќе бидат трансформациските процеси во АРМ, искуства од интегративните процеси на Црна Гора по полноправното членство во НАТО, како и унапредување на билатералната армиска соработка.
Началникот на ГШ на војската на Црна Гора, во текот на престојот ќе ја посети и касарната „Илинден“ каде ќе присуствува на показна вежба организирана од полкот за специјални операции, а ќе присуствува и на трилатерален заеднички концерт на воените оркестри на армиите на Македонија, Бугарија и Црна Гора, кој ќе се одржи во Домот на АРМ во Скопје.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори