Началникот на ГШ Лафчиски на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Брисел
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на конференцијата на Воениот комитет на Северноатлантската алијанса во формат на началници на генералштабови.
Воениот комитет, со кој ќе претседава адмирал Џузепе Каво Драгоне, ќе го отвори генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе ги изнесе клучните приоритети и предизвици со кои се соочува Алијансата, соопшти ГШ на Армијата.
На конференцијата, покрај претставниците од 32-те земји членки на НАТО, ќе присуствуваат и командантите на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа и Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација.
Конференцијата ќе се одвива во неколку сесии, а на дел од нив генералот Лафчиски ќе има обраќања.
Воениот комитет на НАТО претставува највисоко воено тело на Алијансата и е најстарото постојано тело на Алијансата по Северноатлантскиот совет. Ова тело заседава во различни формати, а највисокиот формат е на ниво на началници на генералштабови, кој вообичаено заседава три пати годишно, два пати во седиштето на НАТО и еднаш во земја членка на Алијансата
Ново на Сител
-

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители за избор на привремен наследник на Коцевски
-

Филипче од Брисел: Барам поддршка од Европа за одбрана на демократијата во Македонија
-

До крајот на следната година системот Безбеден град ќе се имплементира во цела држава
-

Охрид со богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници
-

Бизнисот и науката во спрега за развој на циркуларната економија
-

Домаќинствата во Струмица добиваат можност да аплицираат за зелени грантови
-

Преглед на вестите од светот
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
