На тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата, закани од обвинетите функционери на ДУИ
Пред да биде одложено денешното рочиште во предметот „Титаник 3“, за изборни нерегуларности во Чаир, дојде до препукување меѓу обвинителите на СЈО и одбраната на обвинетиот пратеник од ДУИ, Ејуп Алими. „Сдк.мк“ пренесува дека Алими им се обратил на обвинителите од СЈО Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи во врска со еден од клучните сведоци на СЈО кој требаше да даде исказ на денешното рочиште.
Алими им рекол на обвинителите дека одбраната е поревносна од нив и дека до судот доставила венчаница со адресата на сведокот, а дека СЈО ништо не прави во врска со тоа.
Тогаш, Бубевски му рече: „Да, да, вие сте подобри од нас, секако“.
Адвокатот Мефаил Арслани му одговори: „Да, подобри сме, секако“.
Бубевски искоментира: „Да, добри сте и кога ми се заканувате.“
„Кој ви се заканувал“, праша адвокатот.
Фетаи возврати: „Па ти беше тој што ми ја пренесе заканата дека ’ти си наша, може лесно да поминеш‘, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата“.
Адвокатот ова гласно го негирал, а обвинетите молчеле.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението