-->
-->
На Табановце во куфер од патник откриена непозната растителна материја
-->

Четириесет и четиригодишен струмичанец бил уапсен на пет километри од граничниот премин Табановце неколку часа откако избегал од автобусот со кој патувал.
Откако автобусот пристигнал на граничниот премин, тој забележал дека ќе има претрес, по што избегал. Во два од претресените куфери полицијата пронашла непозната растителна материја, но ниту еден од патниците не се изјасниле дека се нивни сопственици. Во еден од куферите имало 17, а во другиот 22 поголеми вакумирани пакувања со непознатата материја.
Струмичанецот М.Ѓ. во евиденцијата на МВР е заведен со мерката „задржи, извести, претреси и контролирај“ од СВР Струмица.
Се работи на целосно расветлување и документирање на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
