-->
-->
На Супер куп само за знамиња на финалистите, Англија и Шпанија
-->
УЕФА и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) упатија соопштение со потсетување до сите љубители на фудбалот кои имаат билет и ќе присуствуваат на натпреварот Реал Мадрид - Манчестер Јунајтед на Националната арена „Филип Втори“ дека ќе биде дозволено внесување на знамиња единствено на клубовите учесници на Супер купот, како и националните знамиња на земјите од каде што клубовите доаѓаат (Шпанија и Англија). Знамињата не смеат да бидат поголеми од еден метар и 250 сантиметри во нивниот најширок или најдолг дел. Во спротивно истите ќе бидат одземени.
Исто така, ќе бидат одземени знамиња кои пренесуваат порака со загрозувачка содржина за јавната безбедност, застапуваат нечиј став, или имаат навредливи и дискриминаторски пораки.
Ќе бидат одземени знамињата кои го попречуваат видикот на гледачите и прегледот на телевизиските камери.
Воедно УЕФА и ФФМ На сите гледачи им посакувааат незаборавен Супер Куп / Скопје 2017.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата