-->
-->
На Сител стартува нов телевизиски магазин „Детектор“
-->
Истражувања на јавното мислење на теми од интерес на граѓаните и поврзани со пристапниот процес кон Европската унија ќе бидат презентирани во рамки на новиот телевизиски магазин „Детектор“.Серијалот го водат Славица Арсова и Иван Кузмановски, опфаќа 21 епизода и ќе биде емитуван на телевизија „Сител“ од 3 февруари.
Истражувањата ќе бидат спроведени од страна на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).
Концептот на емисијата предвидува и дискусии со гости за резултатите од истражувањата, како и репортажи од терен, кои преку реални примери од секојдневието покажуваат како конкретната тема влијае врз животот на граѓаните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
