На седница на Владата закони од областа на финансиите

Владата на Република Македонија, денеска, 14.12.2021 година (вторник) ќе ја одржи редовната, 127-ма седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Согласно предложениот дневен ред, на седницата ќе бидат разгледувани повеќе предлог-закони и тоа: за изменување на Законот за Царинската тарифа и за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, изготвени од Министерството за финансии.
На предлог на Министерството за финансии пред министрите за разгледување и усвојување ќе се најде и Информација за формирање на Фондот за развој во рамки на Развојната банка на Република Македонија со Предлог-одлука за одобрување на средства на Развојната банка за формирање на Фонд за развој.
За заклучоците и одлуките од денешната редовна Владина седница, којашто е предвидено да започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
