На радар фатен со 206 км/ч
Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата на радар фати автомобил кој се движел со 206 км/ч на автопатот Куманово - Скопје - Велес.
- Денеска Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 110 возачи. Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, информираат од МВР.
Од МВР додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-
Најмалку 56 уапсени во Лос Анџелес поради учество на протестите против рациите на имигранти
-
Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-
Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија
-
Нови цени на горивата
-
Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година
-
Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански “Пулс”
-
Израел ги уапси активистите од едрилицата „Медлин“, вклучувајќи ја и Грета Тунберг | ВИДЕО
-
Стапи во сила забраната на Трамп за влез во САД на државјани од 12 земји