На претседателски и парламентарни избори ќе може да се гласа и со стари лични документи

Остварување на кое било граѓанско право нема да биде доведено под знак прашање доколку навреме не се променат личните документи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Прашан дали со старите лични документи ќе може да се гласа на претстојните претседателски и парламентарни избори, рече дека сега воопшто не се поставува тоа прашање.
За вчера искажаниот став на народниот правобранител дека личните документи со додавката „северна“ треба да бидат на товар на буџетот на државата рече дека засега нема таква одлука.
-Во однос на промената на личните документи коишто ги имаме засега нема каква било друга одлука од таа која што е донесена. Значи, тие треба да бидат променети, рече Спасовски во одговор на прашање при денешното одбележување на Денот на Единицата за брзо распоредување во Куманово и нагласи дека веќе се променети над еден милион документи.
Согласно одредбите од Преспанскиот договор, сите граѓани заклучно со февруари 2024 година треба да ги променат личните документи на кои мора да стои новото уставно име на државата.
Ново на Сител
-

Руската противвоздушна одбрана пресретна 86 дронови над Санкт Петербург
-

ИРГЦ нападна американски воени бази во Блиски Исток
-

Над 14 500 кандидати за полагање на матурата, денеска изборен екстерен испит - странски јазик, математика или историја
-

Прекугранична велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа
-

Во недела средба Макрон, Мерц, Стармер и Зеленски
-

Променливо облачно време со дожд и грмежи, температури до 34 степени
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
