На Попова Шапка измерени -4 степени, во Велес 7, најмногу наврнат дожд во Маврови Анови и Претор
Утрово најниска температура е измерена на Попова Шапка - 4 степени Целзиусови, најтопло со 7 степени е во Велес, додека најмногу дожд во изминатите 24 часа до 07 часот во Маврови Анови и Претор со 2 литри на метар квадратен.
Во Лазарополе се измерени -1 степен, 0 во Маврови Анови, Крушево и Претор, 1 Битола и Берово, 2 степени во Охрид, Крива Паланка и Струмица, 3 Куманово и Прилеп, 4 Тетово, Гевгелија, 5 степени во Виница и Дебар, 6 степени во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Штип и Демир Капија.
Во изминатите 24 часа до 07 часот наврнат воден талог од 1 литар на метар квадратен во Струмица, Прилеп, Дебар, Кавадарци, Демир Капија, Лазарополе, Крушево и Тополчани и помалку од 1 во Крива Паланка, Охрид и Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 07 часот била 44 сантиметри на Попова Шапка, 30 Маврови Анови и 8 во Крушево.
Времето во текот на ноќта и утрово променливо облачно и претежно тивко, освен на повисоките места каде дуваше слаб ветер од променлив правец. Утрово наместа има ниска облачност, а во Пелагонија појава на магла.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал