На Попова Шапка четири степени под нулата и 60 сантиметри снег

Четири степени под нулата се евидентирани утрово на Попова Шапка, додека висината на снежната покривка изнесува 60 сантиметри, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Еден сантиметар снег има во Крушево.
Температура под нулата е регистрирана и во Лазарополе, Маврови Анови и Крушево.
Најтопло, со измерени осум Целзиусови степени, е во Штип, Велес, Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци и во Гевгелија.
Синоптичарите најавија променливо облачно време денеска, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 Целзиусови степени.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
-

СДСМ обвинува: Савески предложи обвинителка од „Тевтерчето“ на Мијалков
