На лекување во странство и во домашните болници има 12 пациенти од пожарот во Кочани, еден е во тешка состојба, вели Клековски
Состојбата со повредените во трагичниот пожар во Кочани постојано се следи, има напредок во нивното лекување што се спроведува во домашните болници, а државата има капацитети да одговори на потребите за понатамошен третман, истакна директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашко Клековски на денешната панел дискусија „Кочани е нашиот приоритет“ во Владата.
- Во моментот имаме 12 повредени на лекување во болница, од тоа седум се во странство. Двајца во Србија, двајца во Грција, двајца во Турција, еден во Словенија и пет се во земјата. Еден пациент сè уште, условно да кажам, е во тешка состојба, се наоѓа во Словенија затоа што одлучија да го рехабилитираат таму. Од другите кои се третираат, имаме 16 на плазма третмани збогатени со тромбоцити и без збогатување со тромбоцити, шест на Клиниката за пластична хирургија и десет во „Св. Наум Охридски“. На преврски и слични третмани има 38 повредени, во болниците „8 Септември, „Св. Наум Охридски“, „Аџибадем Систина“ и петмина во Кочани. На физикална терапија се 46 лица, од кои сите во Кочани, само едно лице е во „8 Септември“ бидејќи му се прават и преврски и физикална терапија, истакна Клековски.
Одлуката за враќање на повредените за лекување во државата била донесена затоа што има три болници со капацитет за соодветни здравствени третмани, а особено добри резултати дава третманот со плазма. Тој нагласи дека во Општата болница во Кочани има обезбедено медицински персонал за спроведување на физикалната терапија.
- Во Кочани имаме двајца физијатри и четири физикални терапевти за тие 46 пациенти. Во меѓувреме, формиран е пул од 15 физијатри и шест физикални терапевти од Клиниката во Козле, за физикална терапија и од „8 Септември“, и тие ќе бидат на располагање на Општата болница во Кочани. Дел од овие физијатри ќе бидат вклучени во проценка на состојбата и како тече рехабилитацијата пациентите. Работната група за мониторинг на напредокот на пациентите досега оцени околу 160 повредени, а уште околу 15 пациенти не биле достапни и тие се во комуникација да бидат вклучен, додаде Клековски.
Според директорот на ФЗО процесот за лекување на повредените ќе потрае подолг период, а седумте лекари во работната група се од клиниките кои учествувале во приемот на повредните по трагичниот пожар. На временски периоди од еден до два месеца тие ќе прават оценки на напредокот на закрепнувањето повредените.
Ново на Сител
-
Се претставил како дипломат на ГП „Табановце“, приведени две лица за фалсификување исправа | ФОТО
-
Активни пожарите на Готен и во малешевијата, на Бешешки рид и уште четири други
-
Приведени четири лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини Табановце и Пелинце
-
Засилени царински патроли на Охридско Езеро: Целосна контрола на пловните објекти за спречување криминал и избегнување на давачки
-
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Повторно енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата
-
УХМР: Денеска до 43, од утре и следната недела пониски температури, нестабилност со пороен дожд и грмежи
-
Ноќеска активни дeсeт пoжaри, 16 сe изгaснaти