На кинески институт за воени истражувања му е одобрено тестирањето врз луѓе на вакцина против Ковид-19
На Кинескиот институт за воени истражувања му е одобрено тестирање врз луѓе на неговата втора експериментална вакцина против коронавирусот, што е осми обид за вакцина со клинички испитувања во оваа земја, која стана лидер во глобалната борба против Ковид-19.
Ниту една вакцина против коронавирусот, од кој досега се убиени над 470.000 лица во светот, не е одобрена за продажба, но повеќе од десет компании или институти од целиот свет во моментов се во различни фази на тестирањата врз луѓето.
Новиот лек е развиен од Академијата за воени науки, што се поврзува со Народноослободителната армија, а кинеската Национална управа за медицински производи го даде одобрението за тестирање врз луѓето, пренесуваат британските медиуми.
Најновиот тестиран производ на Академијата за воени науки е наречен ARCoV, а ја користи mRNA технологијата, пристап што, исто така, се применува и кај вакцините што се развиваат од компанијата „Moderna Inc“ во САД и германската компанија „CureVac“, но тој никогаш не бил клинички тестиран во Кина , соошти Институтот на социјалната мрежа WeChat.
Ново на Сител
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
