-->
-->
На граничните премини Богородица и Табановце се чека околу 30 минути
-->
На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Авто - мото сојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Дaнев, кандидат за ректор на УКИМ
-

Обвинителството тврди дека промената на обвинителката нема да влијае врз предметите за „Пулс“
-

Стартува реконструкцијата на охридскиот аеродром
-

Францускиот амбасадор вели дека гаранции се невозможни, Mицкоски подготвен да чека децении за уставните измени
-

Запленети 40 тони јајца на Табановце
-

Анкета: Голема поддршка за системот Безбеден град и законот кој треба да забрани пушење на јавни места
-

Треба да се даде поголема поддршка за социјалното претприемништво на младите, особено во малите средини
-

Органодарителство, хуманост што спасува животи
