На годишнината од смртта објавена ексклузивна снимка: Принс испиен, исцрпен и ослабен дента пред смртта

Како што тврдат властите, пронајдена е снимка која го прикажува телото на славниот пејач Принс кој е пронајден мртов на 21. април 2016 година во лифтот од зграда која се наоѓа на неговиот имот.
Поради неговата смрт нема да бидат поднесени никакви кривични пријави, објави вчера обвинителот од Минесота, Марк Мец.

„Едноставно немаме доволно докази некого да обвиниме за злосторството“, заклучи Мец по двегодишна истрага за смртта на поп ѕвездата.
Во склоп на целата истрага се откриени и екслузивни снимки од музичарот ден пред неговата смрт.
Истражните материјали вклучуваат и видеозаписи, разни документи и фотографии, а полицијата ги објави во четвртокот попладне.
На една снимка, Принс доаѓа во клиниката кај докторот Мајкл Тод Шуленберг. Со него во придружба е неговиот долгогодишен телохранител и тапанарот Кирк Џонсон, а музичарот изгледа ослабено и прилично исцрпен.

-Најверојатно, Принс немал поим дека зема противзаконски лек кој може да го убие. Нема доказ дека таблетите му ги препишал доктор. Ниту има докази дека имало намера или мотив пејачот да се самоубие, рече Мец. Сепак фенталинот некој му го дал.

„Нема никаков сомнеж дека потезите на поединци од опкружувањето на Принс се доведени во прашање. Но сомнежите и алузиите не се доволни за покренување обвинение, додаде обвинителот.
Ново на Сител
-

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
-

Грчки медиуми: Северна Македонија го намали речиси за половина ДДВ-то на горивата
-

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег
-

ОН предупредуваат: Климатската криза се продлабочува поради растечки енергетски дисбаланс
-

Без вода дел од Центар и Пржино
-

Муцунски во Брисел на средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос и други претставници на ЕК и ЕП
-

Две лица загинаа откако авион на „Ер Канада експрес“ удри во противпожарно возило на аеродромот во Њујорк
-

Ирански ракети потенцијална закана за европските престолнини
