На Филипини милиони луѓе во готовност поради супер тајфунот Хаима

На милиони луѓе на Филипините им е наредено денеска да се подготват за еден од најсилните тајфуни кои ја погодиле та држава.
Властите предупредија за можни големи бранови и разорни ветрови. Супер тајфунот Хаима ќе погоди заедници на север во државата околу 23 часот по локално време со ветрови со идентична сила како и оние од 2013 година кога во налет на супер тајфунот Хаијан загинаа повеќе од 7.300 луѓе.
– Очекуваме поплави, лизгање на земјиште и големи бранови над 5 метри во крајбрежјето. Луѓето во тие региони се во опасност. Треба да пронајдат безбеден терен, изјави директорот на Центарот за информирање и координација во природни катастрофи.
Се очекува Хаима да погоди територија во должина од 800 км со повеќе од 10 милиони луѓе на северните делови од најголемиот филипински остров Лузон. Хаима се приближува до Филипини до ветрови со брзина од 225 км/час.
Ново на Сител
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
-

Православните христијани го одбележуваат Велики петок, најтажниот ден во годината
