На Фармацевтскиот факултет во Скопје одбележан Светскиот ден за борба против СИДА
- Студентите од Фармацевтскиот факултет при УКИМ-Скопје со пригодна програма го одбележаа 1. Декември - Светскиот ден за борба против сида.
Организирани од македонската асоцијација на студенти по фармација MPSA, студентите јавно посочија дека потребно е зголемување на свеста кај луѓето за заштита од сидата како болест и најавија зачестени кампањи во функција на јавното здравје.
- Со секоја нова кампања расте задоволството и возбудата кај сите студенти, а посебно кај најмладите, идните фармацевти кои заедно со нас придонесуваат за подигнување на свеста на популацијата. За успешноста на нашите студентски акции значајна е и поддршка од наставниот кадар. Во овие времиња, во овој век, треба да се знае дека Сидата е болест која претставува последна фаза од инфекцијата со вирусот ХИВ, се карактеризира со прогресивно слабеење на имунолошкиот систем и пациентите се подложни на голем број инфекции и тумори, рече меѓудругото студентката Искра Танушевска, организатор на јавниот настан на Фармацевсткиот факултет при УКИМ-Скопје.
Меѓународниот ден за борба против СИДА се одбележува од 1988 година и е дел од официјалните здравствени кампањи организирани од Светската здравствена организација.
Во светот над 36 милиони луѓе живеат со ХИВ/СИДА, a од нив 18,2 милиони се на антиретровирусна терапија, потсетија студентите од Фармацевтскиот факултет при УКИМ-Скопје кои во текот на академската година организираат јавни кампањи и за рационална употреба на антибиотиците, Недела за подигнување на свеста против сите видови канцер, кампања за ментално здравје и личен развој и други активности.
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска